Родители, гледајте го ова: Видео кое го заобиколи светот, да се подигне свеста против злоупотреба на децата!

0
60

Целта на данските студенти од задачата која што ја добиле била да направат видео запис за подигнување на свеста кај луѓето за семејното злоставување и злоупотребата на децата ширум светот.

Зад ваквиот проект стои невладина организација за борба против насилството кај децата и сопружниците „Bryd Tavsheden“ koja постои од 2002 година, а нивната цел е да им се помогне на децата и младите жртви на психичко и физичко насилство во врските или семејството, а видеото со брзина на светлината го заобиколи светот.

Во видео записот станува збор за животната приказна на едно момче кое е погодено од кавгите, насилството и малтретирањето во семејството, но сепак става среќна маска додека оди излегува од дома. Во моментот кога на крајот од денот се враќа дома и ја симнува маската ја дознаваме страшната вистината за неговите чувства. Факт е дека не знаеме кој каква маска носи во текот на денот и што сè се крие зад секоја насмевка кај секој поединечно.