Романовото царство изобилува со милионски куќи, згради, хотели…: Ќе ви застане здивот кога ќе погледнете што сè поседува еден од најбогатите Руси

0
101

Сопственикот на Челзи и милијардерот Роман Абрамович планира да го претвори поранешниот хотел во Израел во дом со 12 спални соби, но тоа е само едeн од неговите луксузни имоти во светот.

Еве што сè поседува тој:

Челзи Вотерфронт

Не е познато што ќе направи Абрамович со овој прекрасен апартман, вреден 30 милиони фунти, ако не може да се врати во Велика Британија. Станот зазема три ката и има поглед од 360 степени кон Лондон, со висина од 35-37 нивоа. Дизајнирањето на внатрешноста ќе биде завршено во 2021 година.

Шато де ла Кро

Големата вила некогаш била дом на војводата од Виндзор, откако абдицирал за да се ожени со Американката Волис Симпсон.

Имотот денес вреден 87 милиони фунти, Роман го купил во 2001 година и потрошил 180 милиони евра на негово реновирање во текот на следните години. Вилата се одликува со базен со водопад на кровот, како и теретана и домашна кино-сала.

Фајнинг Хил

Фајнинг Хил е уште една куќа која Абрамович ја изгубил поради поранешната жена. Земјиштето во Питерсфилд, западен Сасекс било дел од спогодбата при разводот со неговата втора жена, Ирина Маландина. Главната куќа има осум спални соби и пет дневни соби и вреди 18 милиони фунти.

Лоундрес Сквер

Во текот на годините, милијардерот купил девет станови во две згради, со план да ги претвори во еден голем апартман со осум спални соби. Ваквата инвестиција вредела 70 милиони фунти, но откако истекла дозволата за градба, Роман се “оладил” од идејата и ја ставил недвижнината на пазарот.

Сент Барт

Познат и како Гавернер Беј, овој имот вреди 54 милиони фунти и се наоѓа во густа шума, со приватна плажа и кристално море. Некогаш бил во сопственост на Дејвид Рокфелер, а истиот поседува четири бунгалови со девет купатила.

Хотел во Тел Авив

Хотелот во Тел Авив, Абрамович го купил од израелскиот бизнисмен Јарон Варсан во 2015 година, а сега планира да го претвори во голема куќа. Вреден е 17,1 милион фунти, а кога Русинот ќе го преуреди, тој ќе поседува дополнителни два ката, внатрешен двор и подземен паркинг. На имотот има и три одвоени вили.

Ски ранч во Колорадо

Роман во 2003 година пробал да купи цел скијачки град, но таквата идеја пропаднала кога локалните жители почнале да се бунат. Сепак, тој успеал да добие свое “планинско засолниште”. Потрошил 18 милиони фунти на ранч на Аспен, кој поседува 11 спални соби, 12 купатила и поглед кон Карпестите планини.

Кенсингтон Палас Гарденс

Во 2009 година, сопственикот на Челзи купил имот со 15 спални соби за 90 милиони фунти, кој сега вреди 125 милиони. Ова е една од најпосакуваните адреси во светот – се наоѓа веднаш зад куќата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, а помеѓу соседите на Абрамович се и Лакшми Митал и Ванг Џианлин. Освен луксузно опремените простории, имотот поседува и подземен базен и играчница.

Абрамович поседува и вила во Москва, но не се познати деталите за тоа сопствеништво. Малку се знае и за неговите недвижнини во Њујорк, а милијардерот планирал да ја направи и најголемата приватна резиденција на Менхетен, од четири куќи на Апер Ист Сајд. Тој ги купил за вкупно 96 милиони долари во текот на изминатите три години, но во септември ги продал на својата поранешна сопруга, Даша Жуковa за 91,4 милиони долари.