Само таа може да облече мини фустан на 64 години и да изгледа совршено (фото)

0
191

Некогашниот супермодел Кристи Бринкли се појави на еден настан во Њујорк.

Кристи за овој настан облече бел мини фустан со долги ракави. Иако супер моделот има само “64 години” оваа жена и понатаму може да облече мини здолниште и да изгледа совршено.

Инаку, Кристи има три деца.

Од бракот со музичарот Били Џоел ја има ќерката Алекса која е текстописец и пејачка, а од бракот со архитектот Халсеј Кук ја доби ќерката Сејлот која на 15 годишна возраст почна да се занимава со манекенство.

Кристи го има и синот Џек Парис Таубман кој го доби во бракот со Ричард Таубман.

Кристи никогаш не била поборник на диетите, но од својата 13 година е вегетаријанец и тоа можеби е клучот на нејзиниот инзвонреден изглед.