Свршеникот ја оставил оти била предебела, а сега стана мис на Англија 2020 ФОТО

0
38

Ако се прашувате што е ултимативна одмазда, еве го одговорот. Девојката која свршеникот ја оставил затоа што била премногу дебела, сега е крунисана Мис на Велика Британија.

Пред три години, Џен Аткин ја планирала својата венчавка од соништата, кога нејзиниот свршеник одеднаш откажал сè.

Како причина го навел тоа дека „јаде премногу брза храна“ и дека е „премногу дебела“.

Кога би ја видел денес, сигурно многу би се покајал затоа што истата таа „дебела невеста“ сега е прогласена за Мис на Велика Британија и изгледа фантастично!

Оваа 26-годишна русокоса ја заменила брзата нездрава храна со здрава и урамнотежена исхрана, се посветила на сериозни тренинзи и ослабела 50 кг за две години.

Откако од 107 кг спаднала на 57 кг, станала мис Санторп, пред да замине на натпревар за Мис на Англија во 2018 година, кога била прва придружничка.

Потоа накратко се повлекла од натпреварувањата за убавина, за неодамна да одлучи да се обиде уште еднаш и да се натпреварува на 75. избор за мис на Велика Британија каде конечно ја освоила круната.

– И понатаму сум во шок поради победата. Толку сум среќна што не можам тоа дури ни да го опишам. Искрено не можам да верувам. Кога започнав со ова, тоа беше само поради забава, не ни размислував колку далеку ќе стасам. Пред три години никогаш не сум очекувала дека ќе победам на изборот за мис на Велика Британија. Големиот труд навистина се исплатува – рекла Џен по натпреварувањето.

FOTO: Image credits: jenatkinuk