СДСМ со шверцерско прекројување на изборните единици ги купува гласовите на ДУИ за ЗЈО

0
58

Република дознава дека моментално се врши пазар во републичкото Собрание меѓу СДСМ и ДУИ за шверцерско прекројување на изборните единици.

Проблем е Изборната единица 6. ДУИ бара промени, односно општина Дебар и општина МАврово и Ростуше наместо во ИЕ6 да бидат префрлени во Изборна единица 5. За возврат тие ќе го поддржат Законот за Јавно обвинителство.

Токму тоа е причината што доцни собраниската седница на која треба да се гласа ЗЈО кој владата се обидува да донесе закон со кој, како што обвини ВМРО-ДПМНЕ, се носи амнестија за криминалите кои ги има направено власта, раководствто на СДСМ и нивни блиски соработници.

Извор: република.мк