Села: СЈО се сведе на гонење на ВМРО-ДПМНЕ, иако имаше разговори и за ДУИ

0
97

Лидерот на Алијснсата за Албанците, Зијадин Села за „Алфа“ изјави дека постоењето на СЈО било со цел политички прогон на една политичка партија.

– Се сведе на гонење на ВМРО ДПМНЕ, иако во прислушуваните материјали имаше разговори и на челници од ДУИ. Заев кога беше во опозиција велеше дека исто така се инкриминирани овие албански политичари. Ама видовме дека процесите против нив никогаш не почнаа, нагласува Села.

Пред формирањето на Специјалното обвинителство, Заев како тогашен опозиционер тврдеше дека и ДУИ е инкриминиран исто колку ВМРО-ДПМНЕ според она што го слушнал во содржината од т.н бомби но СЈО не покрена обвининение против никој од партијата на Али Ахмети кој сега е негов коалициски партнер.