Се појавија нови фотографии од Samsung S10 и S10+

0
105

Остана нешто повеќе од еден месец до официјалната премиера на новите модели на Samsung, а веќе почнаа да се појавуваат фотографии, рендери и видеа од дизајнот на овие смартфони. Според последните фотографии, моделите S10 и S10+ изгледаа свежи и поразлично од сѐ што имаме досега видено од Samsung.

Новите фотографии доаѓаат од германската веб-страница AllAboutSamsung, и ги покажуваат моделите S10 и S10+ од предната, задната страна и страничниот дизајн.

Иако заедно со фотографиите не доаѓаат многу нови информации за новите смартфони на Samsung, сепак тие ни нудат нешто појасен поглед кон дизајнот и надворешните карактеристики на моделите.

На нив се гледа долго најавуваниот дисплеј Infinity-O, со тенки рабови покрај екранот и сосем мала „брада“ на долниот дел од дисплејот. Долниот дел од телефонот изгледа препознатливо и има слот за SIM картичка, USB-C отвор, како и отвор за слушалки.

Промоцијата на новите модели е закажана за следниот месец, а се очекува тогаш да бидат преставени три нови телефони од серијата S10. Точниот датум е 20 февруари и настанот ќе се одржи во Сан Франциско. Некои шпекулации велат дека на настанот ќе биде претставен и четврт смартфон, но засега ништо од тоа не е потврдено.

Она што предизвикува поголема возбуда е потенцијалното претставување на новиот свитлив телефон на Samsung, кој е најавен како „целосно функционален“. Компанијата претстави прототип минатиот ноември, но сега би требало да пристигне она вистинското – функционален телефон со екран кој се витка, наменет за пазарите ширум светот.