Се чувствувате поспано и уморно – Овие пет намирници му даваат сила на вашиот организам

0
266

Се чувствувате постојано поспано и уморно, без енергија? Веројатно Ви недостасуваат одредени витамини и минерали кои ќе Ви ја вратат енергијата и позитивното расположение. Пробајте со следниве пет намирници: спанаќ, банана, цвекло, путер од бадеми и цимер, еве зошто…

Спанаќ: Како Попај морнарот, така и за секој од нас спанаќот дава неверојатна енергија. Овој зеленчук задоволува 200 пати повеќе од дневната потреба за витамин К, кој го чува здравјето на коските. Богат е и со железо, па се препорачува за оние кои имаат недостаток од железо или се анемични.

Банана: Вкусната банана е секогаш добар избор. Богата е со калиум кој го победува заморот и ја подобрува концентрацијата. Освен тоа е и одличен извор на витамини Б6 кој е важен за правилна работа на имунитетот и мозокот, како и прехранбените влакна кои го чуваат варењето.

Цвекло: Нутриционистите често го препорачуваат овој зеленчук. Богат со со многу железо, фолна киселина и б витамин. Се препорачува да се комбинира со цитрусно овошје како лимон и портокал за да се подобри меѓусебната апсорпција на хранливи материи.

Путер од бадеми: Одличен за појадок или како додаток во смуди. Богат е со добри маснотии и дури и подобар избор од путерот од кикирики бидејќи има повеќе витамин Е, калциум и железо. Поради високиот процент на протеини и влакна, добар сојузник е за градењето мускули.

Цимет: За некои неочекувана состојка на оваа листа, но тој е одличен додаток за многу јадења. Циметот го регулира крвниот притисок, го штити имунитетот и го намалува лошиот холестерол.

Извор: СкопјеИнфо.мк