Силен ценовен удар со новите даноци: Секој месец ќе плаќаме по 840 денари плус

0
79

Нов ценовен шок се очекува да предизвика најавената еколошка такса која Владата планира да ја воведе од почетокот на идниот месец. Согласно најавите кои вчера ги потврди премиерот Заев, граѓаните во иднина ќе плаќаат по 4,13 денари повеќе на секој ставен литар гориво, без разлика дали тоа ќе биде бензин или дизел. Со тоа, на еден просечен резервоар гориво од 60 литри граѓаните ќе плаќаат по околу 250 денари повеќе од тоа што го плаќаат денеска само поради воведувањето на новата давачка.

Пресметките покажуваат дека само во последните 3 години, актуелната Влада предводена од СДСМ ги зголемила давачките за горивата за повеќе од 14 денари за еден литар имајќи предвид дека два пати се зголемуваше акцизата за дизелот по 3,5 денари, а се воведоа и дополнителни давачки за малопродажната и големо продажната маржа.

Според тие пресметки, еден резервоар гориво денеска само поради новите давачки воведени во последните неколку години чини 840 денари повеќе.

Растот на цените на горивата неминовно ќе влијае на растот на цените на сите производи во продавниците бидејќи и за нивното производство но и за нивниот транспорт до потрошувачите горивото има важен удел во цените.