Силјановска Давкова: Не знам дали буреков го месел Николовски или Димковски, ама трошките македонство од Преспанската маса ги истресоа на земја

0
38

Не знам дали политичкиов бурек во Берлин го месел бившиот министер за земјоделство и шумарство, Љупчо Николовски, или сегашниов, Трајан Димковски, ама знам дека и трошките македонство од Преспанската маса ги истресоа на земја, наместо да ги соберат и да ги чуваат, вели професорката Гордана Силјановска Давкова за „северномакедонската кујна“ со кој Македонија беше претставена Саемот за исхрана и производствени прехранбени технологии во Берлин.

Има ли ден во кој нема да бидеме посрамени ние, Македонците? Зарем и прекрасната македонска кујна, чиј вкус и мирис, никој што ја посетил Македонија не ја заборавил, ќе ја фрлите во северномакедонскиот празен контејнер? Бурекот од Кадино не е северномакедонски, ами македонски, а лошите, размакедончени државни бурекчии, на чело со главниот политички готвач треба да добијат политички отказ!, порача Силјановска Давкова.