Скандалозно е среде мандат премиерот да биде ослободен од поткуп

0
43

Кандидатот за претседател на Република Македонија, проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова на емисијата „Детектор“ при своето гостување истакна дека е скандалозно во една држава премиер да биде ослободен од обвинение за поткуп и тоа докажува колку се почитува правото во Република Македонија.

– Претседателот има уставно право на помилување во согласност со законот, фамозниот член 11 од кои сите бегаме, всушност е применет на лидерот на партијата што го поддржа мојот соговорник. Тој беше ослободен врз основа на екслузивното право од членот 11 од законот од 93-та, потсети Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова дури посочи дека во Македонија владее селективна правда, политички реваншизам, сведоци граѓаните беа на скандалозните ослободувања не само од притвор дури и од обвиненија.

Персонификација на сето ова е среде мандат нашиот премиер беше ослободен од обвинение, нагласи Силјановска Давкова.

Извор: republika.mk