Советникот на Заев уапсен во Шпанија поради затајување данок на луксузни недвижнини

0
122

Фали Рамадани, еден од советниците на поранешниот премиер Зоран Заев денеска е уапсен во Шпанија, објави „Република.рс“.

Во акцијата на шпанската полиција уапсени се уште пет лица и тоа за перење на пари и корупција. Заедно со Рамадани и неговата сопруга уапсен е и поранешниот голман Никола Дамјанац.

Фудбалскиот менаџер затајувал данок на луксузни недвижности на Мајорка.

Фали и Никола основале фирма за недвижности „SL Majorka Aleksa Terza“ кое набрзо било ликвидирано а како управители се воделе нивните сопруги Хајка и Сања.