Состојбата на Миле се влошува, Апелација молчи, Народниот правобранител не одговара

0
107

Видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен – во ваква состојба е Миле Јанакиески, кој веќе 13 дена штрајкува со глад во затворот во „Шутка“, сведочат неговата сопруга Сања Јанакиески и адвокатите.

Иако не сака да ја информираме јавноста за неговата состојба, ова што го прави повеќе нема смисла. Не гледам дека штрајкот вилијае врз правдата, туку само врз неговото здравје. Досега немал проблеми со бубрезите. Оваа инфекција е резултат на штрајкот и на условите во затворот,вели за Република сопугата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Јанакиески.

Дека не сака да се информира јавноста за неговата состојба ни потврди и адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува во случаите „Шпански скали“ и „27 април“. Новаковски вели дека Јанакиески се изложува на здравствен ризик, со оглед на тоа колку судења му претстојат, ќе биде тешко да ги следи.

Ако вака продолжи, нема да ги издржи процесите, вели Новаковски за Република.

Во моментов Јанакисеки и одбраната чекаат Апелацискиот суд да закаже јавна седница на која ќе се разгледа жалбата на одлуката на Кривичниот совет за мерката притвор. Иако роковите се пробиени, Алепација до овој момент не закажала седница.

Република се обиде да стапи во контакт и со Народниот правобранител, кој постапува по претставка од сопругата на Јанакиески, но оттаму не добивме одговор какви се заклучоците од посетата на Јанакиески во затворот во Шутка. Одговор сѐ уште не добила ниту сопругата.

Извор: republika.mk