Стевче Јакимовски: Ниту еден случај на криминал не е откриен од страна на надлежните институции, туку од опозицијата и под притисок на јавноста

0
29

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во гостување во емисијата на „Само вистина“ на Канал 5, вели дека ниту еден случај на криминал до сега не е откриен од страна на надлежните институции, туку дека тоа се случаи процесуирани под притисок на јавноста.

Ниту една од овие крупни афери за кои што претставниците на власта велат еве сега се процесуираат предмети, не е откриена од страна на надлежните државни институции, туку прво алармира јавноста.

Да ве потсетам, за Боки 13 и Катица Јанева излезе во Ла Верита, па имаше натписи од ваш колега, па за од после таков јавен притисок се отвори истрага. Значи државните институции не ја направиле истрагата, не излегле пред јавноста дека откриен е таков и таков случај итн, смета тој.

Второ гледате и со Драги Рашковски. Со него имаше повеќе пати исто така притисок јавен по медиуми, претходно имаше дури и бомби и сето тоа што го имаше јасно е дека и таа работа беше под притисок на јавноста. И ние немаме ниту еден процесуиран случај кој што го открила власта. Значи зборуваме за пасошите, повторно е работа изнесена од опозицијата, рече Јакимовски.