Стоилковски до Милевски: Кога ќе се вратите во Битола што ќе кажете, ниту пругата ја направивте, ниту автопат Прилеп-Битола, ниту топлификација спроведовте

0
20

На денешното гостување на 24 Анализа во Телевизија 24, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со низа критики кон работата на министерот на локална самоуправа Горан Милевски, го потсети на нереализираните ветувања на коалицијата на СДСМ во развојните плански региони како пругата, автопатот Прилеп-Битола до Скопје, и неспроведената топлификацијата за тој регион.

Вие доаѓате од Пелагонискиот плански регион и вие како коалиција ветувате пред граѓаните дека ќе донесете развој на тој регион кажете ми дали е пругата направена или автопатот Прилеп-Битола накај Скопје, ниту топлификација е спрведена како најголемото ветување не е реализирано – го критикуваше Стоилковски министерот за локална самоуправа Милевски.

Стоилковски вели дека во планот за 2020 година на министерството не се реализирани дел од ветувањата за претходната година, па кога ќе вратите во Битола што ќе им кажете на граѓаните што сте реализирале – го праша Стоилковски,
министерот Милевски.