Тешка сообраќајна несреќа вечерва, двајца загинати

0
53

Две машки лица загинаа вечерва во тешка сообраќајна несреќа која се случила на улица „Првомајска“ во близина на „Мебел Ви“ во правец кон населбата Драчево. Според очевидци двата автомобили се искршени, а лицата починале уште пред да дојде Брзата помош. Причините за несреќата се уште не се познати, се очекува полициски увид.

Извoр: republika.mk