Тијана Дапчевиќ драстично го промени имиџот: Сега има долга коса и ослабе дури 45 килограми, на неа сега останаа само стомачните

0
159

Пејачката Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија која речиси сите ја погледнаа два пати.

Македонската пејачка која живее во соседна Србија буквално се стопи во изминатиот период, а ја покажа и новата фризура на себе.

Имено таа ја покажа долгата коса врзана во реп, но наместо во оваа промена речиси сите гледаа во нејзиниот рамен стомак и стомачни.

Пејачката беше на диета преку која успеа да ги симне вишокот на килограмите, поради кои беше на мета од фановите со месеци наназад.

-Буквално како да носев уште една личност во мене, немав врат, а рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто околу тоа прашање, изјави неодамна пејачката за српските медиуми.

Инаку Тијана и претходно зборувала на таа тема, а особено открила дека во бременоста се здебелила дури 45 килограми и имала вкупно 115 килограми.