Тони Шанац: Тие, Гемиџиите, сите до еден можеле да бидат угледни професори, филозофи, писатели, уметници, поети… Ама…

0
48

Тие, Гемиџиите, сите до еден можеле да бидат угледни професори, филозофи, писатели, уметници, поети, граѓани на поробената и распарчена Татковина. Можеле да живеат “нормален живот”.
Сепак се одлучиле, две години, да го копаат сопствениот гроб за да ги свртат очите на светот кон теророт што нивниот народ, Македонците, го трпат со векови.

И сето тоа за правда, за човечки правдини, за слобода, за Македонија. Денес, борбата е поинаква, но целта е иста.

Тие ја избришаа Македонија која Ние ја паметиме, ја славиме, ја воспеваме, ја сакаме и од која не се откажуваме, затоа што нејзиното дрво на патриотизмот и слободата е залеано со толку многу крв, пот и љубов што не може да се пресече.

Денес може да се победи со гласот и вољата на народот. Само обединети во невољата можеме да го најдеме излезот од оваа темница и црнила. Обединети за Македонија. Обединети во гласот за Гордана Сиљановска Давкова.

#ситекакоедензамакедонија

Извор: bregalnicki.mk