Топ 10 најпродавани SUV модели во 2019 година

0
90

Во првата половина од 2019 година ширум светот беа продадени 4,1% помалку SUV возила во споредба со истиот период во 2018 година, а најбарани беа моделите на јапонските производители.

Најпродаван SUV модел во првите шест месеци од годинава беше Toyota RAV4 со 441.581 испорачани примероци и раст од 8,4%, објави сајтот focus2move.com.

На второ место е моделот CR-V на Hondа што им беше испорачан на 381.464 купувачи (со раст од 15,5%), додека трет е Volkswagen Tiguan со 370.694 продадени возила и пад на продажбата од 10,7%.

Четврти и петти се модели на корејски брендови – Hyundai Tucson (255.048 примероци; -10,3%) и Kia Sportage (243.448 примероци; +1,8%).

Вака изгледа топ 10 на најпродаваните SUV модели во првите шест месеци од 2019 година:

1. Toyota RAV4 – 441.581 продаден примерок

2. Honda CR-V – 381.464 продадени примероци

3. Volkswagen Tiguan – 370.694 продадени примероци

4. Hyundai Tucson – 255.048 продадени примероци

5. Kia Sportage – 243.448 продадени примероци

6. Nissan Qashqai – 239.624 продадени примероци

7. Chevrolet Equinox – 219.530 продадени примероци

8. Mazda CX-5 – 217.385 продадени примероци

9. Nissan Rogue* – 195.800 продадени примероци

10. Mercedes GLC – 190.678 продадени примероци.

*Треба да се напомене дека во составувањето на листата, сајтот focus2move.com ги раздвои Nissan Rogue (на 9. место) и Nissan X-Trail (11. место), кои се всушност ист модел со различни ознаки за различни светски пазари. Кога би се разгледувале заедно, моделот Nissan Rogue/X-Trail би го зазел третото место на листата најпродавани SUV досега во 2019 година.