Трипуновски до Димковски: Си играте со човечки животи и барате партиски книшки за исплата на субвенциите на земјоделците

0
9

Трајан се надевам дека го виде интервјуто на земјоделецот Екрем од Арачиново кој што си ги бара своите реално заработени пари по однос на обештетувањето од 2016 година и се надевам дека ја виде изјавата каде што кажа дека му била побарана партиска книшка, вели Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24.

Трипуновски посочи дека во секојдневната комуникација со земјоделците доаѓа до информации дека државните субвенции не се исплатени во целост. Во однос на субвенциите јас постојано во комуникација со земјоделците наидувам на безброј примери каде што се злоупотребуваат тие пари и она што сакам да го потенцирам е дека апсолутно не е точно дека сите субвенции се исплатени. Пред мене ја имам програмата донесена од Владата каде што во точка 10 имаме огромна сума од 1 милијарда заостанат обврски од претходни години и тоа пари кои што треба да стигнат до земјоделците. Понатаму втората програмата за рурален развој, односно мерката 121 вели дека 159 милиони денари инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства во објаснувањето на мерката 121 стои дека средствата се наменети за неподмирени обврски од реализирана мерка оваа од претходни години. Мерка 124 од висина од 360 милиони денари е со истото образложение, рече Трипуновски.

Заменик министерот Трипуновски нагласи министерот Трајан Димковски од СДСМ се фалел со укинување на мерката прв дојден, прв услужен а во исто време објавувал оглас токму со условите дека барањата доставени до министерството ќе се рангираат според датум и време на пристигнување. Се фалеа дека го укинале оној фамозен начин прв дојден прв услужен а пред мене е јавниот повик број 07 од 2019 кога Трајан Димковски е министер за мерката активен член во земјоделско домаќинство во објавата односно во условите за аплицирање стои дека барањата ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување. Ова е тоа што вие сте го критикувале а сте го ставиле во вашиот оглас, додаде тој. Трипуновски се пожали дека и по неколку дена од назначувањето на функцијата нема канцеларија и услови за работа.

-Дури денеска почна да се ослободува канцеларијата која треба да ја користам. Се надевам дека од утре ќе можам да ја користам. Уште од пред неколку месеци се знаеше дека ќе има техничка влада, просторот требало на време да биде подготвен. Министерот кога дојде на позицијата не чекаше 10 дена, туку веднаш влезе во канцеларијата, рече Трипуновски.

Извор: курир.мк