Трипуновски ексклузивно за ТВ 24: Димковски и Николовски дале една иста парцела на две различни физички лица

0
45

Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната гостување во емисијата „Тренд Анализа“ на ТВ 24, анализира дека, како што рече, „Луј Витон“ владата на СДСМ креира фингирана кривични пријави против него се со цел да се оцрни неговото работење.

-Кривичната пријава е фингирана. Три години чепкаа по моето работење и не можеа да ми најдат ништо. Три години чепкаа од фиока по фиока и не најдоа ништо, за на крај да го извалкате моето име и ме вметнаа во кривична пријава во која што немам никакво одговорност. Јас не бегам од постапката и ќе докажам на суд дали имам или немам одговорност, вели Трпуновски.

Трипуновски ексклузивно за емисијата „Тренд Анализа“ откри кривично дело во кое е вмешан претходниот министер од СДСМ, Љупчо Николовски и сегашниот министер, Трајан Димковски, давајќи едно исто земјиште на две различни физички лица.

-Јас за разлика од вашите фингирани кривични пријави сакам ексклузивно во оваа емисија да обелоденам што значи криминал поткрепен со факти и докази. Пред мене имам два договори потпишани едниот од Љупчо Николовски и вториот договор кој што е потпишан од Трајан Димковски. Едниот договор има парцели кои што ги дале на едно физичко лице со КП Број, вториот договор е истите парцели дадени на друго физичко лице. Едни исти парцели се дадени на две различни физички лица и се повторува ФИКОМ кој што е направен во време на СДСМ. Јас овие информации и документи ќе ги доставам до институциите, истакна Трипуновски.

Извор: лидер.мк