Уживајте во највисокиот бар за џин, водка и кавијар во Бангкок

0
97

Забава со најдобрите пијалаци и највкусната храна која се комбинира со нив е совршен начин за да се опуштите и да си дозволите мал одмор.

Сепак, кога тоа го правите во највисокиот бар во кој се служи џин, кавијар и водка, сето тоа е на едно сосема поинакво ниво. Ваков тип на уживање ви нуди Бангкок, односно Лебуа Хотелс и Ресортс, новиот ноќен клуб и бар, наречен Лебуа 3.

Сместен на 52-от спрат на Товер клубот, овој бар, според фактот дека е највисокиот бар на светот од својот вид, ви нуди панорамски поглед на реката Чао Фраја и на целиот град, додека на познавачите и љубителите ќе им биде понудена единствена мешавина на креативни коктели и совршена храна. Овој ултра шик и необичен клуб, кој воопшто не наликува на оние другите во градот, содржи декорации од DWP брендот. Тој се отвора со елегантно осветлени спирални скали, кои понатаму ги води посетителите во три затворени и отворени простории со одвоени теми. Првиот бар има црн мермерен декор, кој се прелива, заедно со осветлениот бар и DJ зоната, додека сите екстерни зони имаат бакарна и сатенска декорација, заедно со подиум за танцување.

Коментирајќи го отворањето на Лебуа 3, Дипак Охри, главниот извршен директор на Lebua Hotels & Resorts, рекол: „Со Лебуа 3 имаме план да им пружиме неверојатно искуство на едно високо ниво на нашите гости. Лебуа 3 исто така содржи и луксузно кавијар искуство на отворено, каде кавијарот станува дел од лежерните поставки. Знаеме дека нашите гости ќе ја почувсвуваат страста и душата на нашиот тим, уживајќи во најубавото искуство за обединување, кое Тајланд може да го понуди“.