Утре Владата ќе се фали со НАТО, а нема да каже дека народот ништо не доби со промената на името

0
13

Пред една ипол година, македонската Влада на чело со Зоран Заев организираше граѓански прослави во 15 градови ширум земјава.

Од џебот на граѓаните, Владата издвои огромни суми на пари, за по тој повод, да ги исплати 40-те артисти кои пееја под мотото „Одиме напред“.

Лажната еуфорија во тие моменти, на полупразните плоштади, се правеше под превезот „Македонија во ЕУ и НАТО“.

Но, како што добро знаете, до ден денес Македонија не е дел од НАТО. По прашањето за почеток на преговорите со ЕУ, Заев доби црвен картон и целосно обезличување на неговите празни ветувања дека ќе ја внесе земјава во Унијата.

Откако граѓаните сфатија дека на овие теми Владата е импровизатор, а не реализатор, испратија гласна порака со бојкот на референдумот кој се одржа само неколку месеци после помпезните прослави и најави.

Сфаќајќи дека ја нема поддршката од народот по ова прашање, Зоран Заев ги искористи сите валкани потези за да дојде до гласање за промена на уставното име, на што народот се противеше.

Бидејќи пред нас се предвремени парламентарни избори, а власта знае колку граѓани ќе го завртат грбот кон Влада на земја чие име не го признаваат, се врати на познатата лента-да зборува за НАТО и ЕУ.

Владата, сега техничка и предводена од Оливер Спасовски, од утре почнува кампања за членството на земјава во НАТО.

Прес-конференцијата е закажана за на 14-ти јануари во 10:00 часот во медија центарот на Владата. Со свој говор ќе се обрати Спасовски кој од петни жили ќе се потруди да зборува за чекорите кои Македонија ги пуштила кон НАТО, како тоа да е којзнае каква придобивка.

Чекорот кој Македонија го превзема е поразителен и штетен. Владата предводена од СДСМ, единствено што направи за да бидеме поблиску до НАТО е што го смени уставното име на државата. И, верувале или не, се гордее со тоа.

Заев славеше како веќе да сме во НАТО уште пред 18 месеци, а утре Спасовски ќе ни зборува за се, освен за вистината, а тоа е дека народот ништо не доби со промената на името.

Јанушев: Дали ќе го срушат својот претходен рекорд за најскапо лажење?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес на својот Фејсбук профил порача:

„Слушам дека Владата на СДСМ спремала некоја кампања за влез во НАТО. Ако се знае дека за минатата партиска кампања потрошија еден милион евра, за оваа останува да видиме дали ќе го срушат својот претходен рекорд за најскапо лажење.

Но, кога сме кај НАТО, ќе кажат ли дали ќе има во тие спотови делови од онаа аудио снимка во која се слуша како советник на министер дава наредба да се раскине концесија на езеро? А, ако не го послуша ќе мора да си даде оставка, зошто и тоа ако не го направи ќе мора “да мисли на семејството”?!?

По оваа снимка, министерот за земјоделие со уште победна одбрана. Признава дека разговорот е вистина, ама демек разговорот бил хуман, сакал да се раскине концесијата, зошто имало неправилности. Ајде да одиме по ред. Од кога тоа концесија за езеро се раскинува по усна наредба по телефон, а не по закон, и тоа со закани по семејство? Зошто министерот за земјоделие не го пријави случајот до надлежните органи ако веќе имало нешто сомнително? Или пак, фатени се по којзнае кој пат на дело … на дело како бандитската власт врши притисоци, закани и уцени.

Снимката покажува дека уцените и заканите на бандитите на власт се нивен заштитен знак, удираат по земјоделците, удираат по недолжен народ. И затоа ќе загубат. Овие предавства што бандата на власт ги прави кон својот народ ќе бидат поразени. 12 април е тој ден“.

Извор: курир.мк