Утре почнува судењето за „Рекет“: Јанева нема да признае вина?

0
26

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева нема да признае вина за случајот „Рекет“. Одбраната на Јанева е децидна во ставот дека обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска нема докази против Јанева, па поради тоа нема причина да го користат законското право поранешната шефица во моментот кога ќе биде прашана за изјаснување на вина пред стартот на судскиот процес, да признава вина, дознава „МКД.мк“.

Јанева во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое ја гони ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Судењето за случајот „Рекет“ почнува утре.

Извор: Реублика.мк / Мкд.мк