Фановите со поделени мислења дали станува збор за местенка или не: Мараја Кери отвори шише со својот глас (ВИДЕО)

0
57

Интернет-предизвикот #Bottlecapchallenge привлекува сѐ поголемо внимание, поради учеството на сѐ повеќе славни личности во него. Се работи за отворање шише на свој, оригинален и посебен начин.

По успешните обиди на Џејсон Стејтам, Џон Мајер, Ендрју Јанг и Ели Гулдинг, и поп-ѕвездата Мараја Кери ја истакна својата оригиналност…

Имено, како што покажува видеото на Твитер, таа направи капачето „да летне“, единствено со помош на својот глас.

Секако, има и следачи кои сметаат дека овој подвиг е обична местенка.