ФК Барселона купи нов напаѓач

0
39

Мартин Брајтвајт од денеска и официјално е нов член на Барселона, откако каталонскиот гигант го избра токму напаѓачот на Леганес за решавање на својата голгетерска криза. Каталонците се најдоа во небрано откако по Луис Суарез тешка повреда заработи и Осман Дембеле, по што побараа дозвола од Ла Лига да доведат нов фудбалер надвор од преодниот рок.

Како опција се споменуваа неколку голгетери, но на крајот изборот падна на 28-годишниот Братвајт. Леганес не сакаше да го продаде данскиот интернационалец, но Барса ја активираше клаузулата од 18 милиони евра, по што денеска и официјално беше потпишан договорот со новиот голгетер.

Каталонскиот гигант обелодени дека во потпишаниот договор со Братвајт, клаузулата за негов раскин изнесува огромни 300 милиони евра. Новиот голгетер ќе дебитира за Барса на саботниот дуел против Еибар на „Камп Ноу“.