ФОТО: Владината одлука тема за потсмев на социјалните мрежи

0
39

По денешната владина одлука „владата да формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале во криминал и корупција во минатото и сега“, таа наиде на потсмев на социјалните мрежи.

Новинарката Снежана Лупевска преку статус на Фејсбук прашува дали е ова можно?

-Па дали е ова можно!?

,, Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега,,

Оваа иста Влада има МВР има финансиска полиција и уште едно чудо институции кои треба-ло да делуваат а очигледно не делувале !! Што е ова паралелен систем !?, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Новинарката Сашка Цветковска вели дека управувањето со кризи е полошо.

-Crisis management at its worse.

“Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега”, стои во нејзиниот пост.

Новинарката Фросина Димевска од Радио Слободна Македонија вели дека „Дури сега се е ОК“.

-Дури сега “Се е ОК” Владата формира оперативен тим кој бескомпромисно ќе работи на борбата против криминалот и корупцијата со цел да биде задоволена правдата и да има целосна одговорност за сите кои учествувале или помагале криминал и корупција во минатото и сега, стои во нејзиниот пост.

Поранешниот прв човек во центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски вели дека „ако требало акција, требало уште од сам старт“.

-Акциска влада!

Проблемот во креирањето вакви ад хок кризни штабови е што повторно ја правите грешката да не признаете криминал надвор од вашето работење, во рамки на актуелното владеење.

Па добро бе луѓе, криминалов во прашање се случи во време на вашето владеење, и иако системот е таков каков што е 30 години, само се потврдува дека кој и да дојде си го презима шаблонот.

Ако требало акција, требало уште од сам старт. Вака испаѓа дека институциите кои требале да си ја вршат работата, не си ја завршиле, па сега демек вртиме нов лист.

Ама кашата веќе е направена, и не разбирам како Оперативен тим против криминал и корупција ќе го брка криминалот и корупцијата во сопствените редови, кога веќе дозволил тој да се случува на волкава скала.

Признавате дека сте спиеле на должност, дека сте замижувале додека пред очи ни се случувал системски криминал, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Извор: курир.мк