ФОТО: Леток кој при „престојот“ на бугарите во Македонија бил фрлан од авион во Скопје – Предадете се или ќе платите со главите!

0
90

„Денес на работа, ми дојде еден повозрасен пријател, од комшии, од околните згради, кој веќе ги прекорачува осумдесет години од својот живот и со кого наназад честопати разговараме за дневнава политичка ситуција.

Ми донесе внимателно чуван леток, кој му го дал и сочувал неговиот покоен татко, од време на втората светска војна. Леток кој бил фрлан од авион во Скопје, за време на престојот на бугарите овде за време на Втора Светска Војна.

Во име на „добрососедство“, го објавувам истиот кој го сликав.
Можеби е единствен сочуван од ваков тип.” Г.Таневски.

Фејсбук објава на „Беломорска партија“

Со помош на „Гугл транслејт“ се потрудивме да ја преведеме содржината на летокот:

„Последно предупредување

Измамена младино! Видовте дека водачите му носат несреќа на вашиот народ, а вас ве изложуваат на страдања и смрт. Тие ли ќе ја решат судбината на Балканот?

Државата сака да му даде сигурност, ред и спокој на народот и ќе ги даде со цената на главите на оние кои нема да се предадат. Спасете си го животот! Ослободете го народот од страданијата кои му ги предизвикувате.

Знак на предавање: Рацете горе, во десната рака бела крпа, оружјето закачено на вратот. Предадете се доброволно уште деенс. Јас Ви го гарантирам животот.

Од Командирот на бугарската војска“