Фото: Патници совладаа бесен патник во авион

0
94

Патници во авион на компанијата Туркиш на летото за Судан само неколку минити по полетувањето морале да реагираат и да совладаат бесен сопатник.

„Лудиот“ патник само неколку минути по полетувањето почнал да вреска и да удира по кутијата со маска за кислород и во прозорецот, потоа дури ја турнал и стјуардесата и тргнал кон пилотската кабина.

Фотограф на АП која бил во авионот изјавил дека бесниоит патник бил совладан од други патници пред да направи поголем инцидент.

Екипажот на авионот потоа десетина минути го смирувала патникот и го вратила во своето седиште. Во соопштението од компанијата е наведено дека патникот се жалел дека не можел да диши.

Иако авионот го продолжил својот лет кон Картум , пилотите два ипол часа подоцна објавиле дека авионот се враќа во Истанбул.

Авионот слетал во турската метропола три ипол часа по полетувањето, а полицијата го привела патникот кој го предизвикал инцидентот.