ФОТО: Познато кој ќе го глуми Тито во новата сезона на „Сенки над Балканот“

0
19

Серијата која го освои регионот наскоро се враќа на малите екрани. Втората сезона од „Сенки над Балканот“ е достапна, а во улогата Јосип Броз Тито се појавува Милош Биковиќ, познат по двата филма и серијата „Монтевидео“, исто така режирани од Драган Бјелогрлиќ.

Биковиќ ќе го игра младиот Тито, а главните дејствија со Маршалот ќе се случуваат во третата сезона.

Го играм Тито пред да стане оној Тито што сите го знаеме, што ми дава слобода околу ликот, откри Биковиќ преку својот Твитер профил.