ФОТО: Топ пет најинстаграмџиски места во Скопје

0
17

Последните естетски промени кои во себе го вклучуваат и проектот „Скопје 2014“ драстично ја зголемија популарноста на градот на социјални мрежи. Фотографите, секојдневно бараат нова локација за нова фотографија или пак нов кадар од градот.

Според нашите анализи од инстаграм, ова се петте најинстаграмџиски места во Скопје. И секако, најубавите фотографии од Скопје може да ги најдете на Инстаграм профилот на Скопје Инфо.

Стара скопска чаршија и стариот пазар

Старата скопска чаршија е популарна локација за сите, а особено за странските туристи. Остатоците од османлиското владеење во Скопје и нивното „живеење“ во модерниот град се посебно интересни за фотографите.

Скопје 2014

Проектот „Скопје 2014“, спомениците и новите градби ги будат интересот на фотографите. И не само странските туристи, туку и домашните фотографи многу често уметноста ја поврзуваат токму со овој дел од Скопје.

Милениумски крст

Пешачење или пак со жичара, Миленимскиот крст во Скопје е помеѓу топ локациите за инстаграм фотки во градот. Многу често странците на шега знаат да кажат дека ако на една фотографија видат голем крст, тогаш тоа дефинитивно знаат дека е Скопје.

Матка

Кајакарењe на Матка, пешачење или кафе покрај убавата природа – сеедно. Сето ова е интересно за фотографирање и идеално се вклопува на инстаграм. Матка е една од локациите кои се посебно интересни за домашните, но и странските туристи.

Плоштад „Македонија“

Централниот плоштад во Скопје го оставивме за самиот крај. Не само сега, туку и во минатото оваа локација била интересна за фотографирање. Денес е збогатена со неколку нови споменици, вклучувајќи го тој на Александар Македонски.

Извор: СкопјеИнфо.мк