ФОТО: Што мислите за новата девојка на Луис Хамилтон

0
124

Неколку прегратки и допири во јавност со првакот на Формула 1 Луис Хамилтон беа доволни медиумското внимание да се сврти кон 25-годишната Зара Елис.

Таа има прекрасно тело и не пропушта прилика да ги истакне своите атрибути, па по тоа прашање веќе ѝ е позната на Instagram публиката.

Но, нејзината слава и петте минути во фокусот на медиумското внимание почнуваат сега.

Зара и 34-годишниот Хамилтон прв пат беа видени заедно на прославата за 40-тиот роденден на актерот Кевин Харт во Лос Анџелес.

Ако почнете да „коапте по интернет“, ќе дојдете до заклучок дека оваа убавица е подготвена за инстант слава бидејќи нејзината биографија и профили се во најмала рака интригантни.

Таа е модел и креаторка на долна облека, а на Instagram има повеќе од еден милион следбеници. Живее во Мајами, а во минатото има работено, меѓу другото, како автомеханичарка во Американската воена морнарица.

Не крие дека има актерски амбиции, а засега во портфолиото на тоа поле ја има само улогата во шоуто „Wild’n’Out“ на Ник Кенон, поранешниот сопруг на Мараја Кери.

Таа се појави во популарното холивудско свртувалиште Tao заедно со Хамилтон, облечена во припиен леотард, модел што исто така беше омилен на поранешната девојка на Хамилтон, пејачката Никол Шерцингер.

На нејзиниот блог за кој месечната претплата изнесува 20 долари, таа пишува за навики за здрав живот, фитнес и авантури. Особено се популарни нејзините вежби за нозе и задник, два атрибути за кои нејзините фанови велат дека се нејзините најголеми адути.