Хан за РСЕ: Позитивна препорака ќе има, но датумот е неизвесен

0
44

Се обидувам да направам се за да ја постигнеме целта, Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ во декември годинава, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Најпрвин ни треба зелено светло за почеток на крајните подготовки од преговорите и потоа повторно тоа е процедура заснована на заслуги. Секако ни треба согласност од сите наши земји- членки. Но, давам се од себе тоа да се оствари, додава Хан.

На прашањето дали двете земји ќе добијат зелено светло во октомври, наместо во јуни, Хан вели:

–Па, има некои дискусии, но јас сум фокусиран да има одлука пред летото, бидејќи тоа секогаш беше нашата намера. Ние ќе го претставиме нашиот годишен извештај за две недели, каде што сигурно ќе дадеме позитивна препорака за двете земји. Се разбира, секогаш има некоја работа што треба да се направи. Но, особено кога станува збор за Северна Македонија, мислам дека треба да го признаеме големиот напредок што оваа земја го направи во надминувањето на билатералните конфликти, што е предуслов за идно членство, истакна еврокомесарот Хан во интервју за Радио Слободна Европа.