ХАОС ВО БАГДАД: Три ракети погодија воена база во Ирак!

0
122

Најмалку три ракети ја погодиле воената воздушна база Балад северно од Багдад, каде се наоѓаат дел од американските војници, потврдија денеска ирачките безбедносни власти.

Засега нема информации за можна материјална штета или жртви, пренесува Ројтерс.

Други три ракети паднаа во близина на оваа база во напад во неделата, а најмалку уште две ракети паднаа вчера во кругот на меѓународниот аеродром во Багдад.

Според ирачките безбедносни служби, никој досега не презеде одговорност за лансирањето ракета во овие два инциденти.