Хороскопски знаци на кои сѐ им оди од рака

0
30

Секогаш се извлекуваат од неволја во последен миг и во најневеројатни услови.

Додека едни се мачат и се трудат да постигнат нешто, тие ќе најдат начин по полесниот пат да стигнат до целта.

Народот вика „имаат среќа повеќе од памет“. Тоа не значи дека не се вредни или паметни, но едноставно им се посреќува почесто отколку на другите.

На припадниците на овие два хороскопски знаци сѐ им оди од рака, ако само сакаат да се потрудат.

ЛАВ

Лавовите важат за трудољубиви и активни, но она што им носи успех е што знаат „како да на насочат водата кон својата воденица“. Знаат како да менаџираат со луѓето и ресурсите, па откако ќе ги распределат обврските на други имаат време да се дотераат за моментот кога ќе треба да ја добијат заслугата.

Лавовите имаат среќа и во хазардните игри, но ако се полакомат може да изгубат сѐ.

РИБИ

Рибите заводливо ќе се умилкуваат додека не го добијат она што го сакаат. Знаат како да манипулираат со луѓето за да ја завршат нивната работа или да им помогнат да добијат нешто без да мораат самите да се потрудат многу.

Талентирани се, но за разлика од Лавовите повеќе енергија трошат на тоа како да најдат заобиколен пат отколку да станат и да ја завршат работата.

Но, имаат среќа и кај нив сѐ магично се решава „во 5 до 12“.