Хрватската пејачка објави аматерска видео снимка од јахтата- еве што прави со сопругот кој инсистирал да се снимаат (ВИДЕО)

0
67

Атрактивната хрватска пејачка Маја Шупут на својот Инстаграм профил сподели две видеа од слободниот ден кој го искористила заедно со својот сопруг.

Парот се забавувал на јахта во Хвар, а пејачката во сексапилно издание покажа како ја управува истата.

„Аматерска снимка на мојот маж“, напиша пејачката објавувајќи две видеа кои беа матни, а тоа не го забележал нејзиниот сопруг кој ја снимал како се да е во ред.

Фановите веднаш започнаа да и упатуваат коментари па и порачаа на Маја дека изгледа одлично, додека други ја прашуваа дали има дозвола за управување на јахта.