Царовска: Дигиталниот учебник ќе биде достапен и без интернет

0
94

Целата дебата околу дигиталните учебници се пробува да се измести од нејзиниот колосек, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на ТВ21.

Вели дека дигиталниот учебник ќе може да се користи и без интернет.

-Дигиталниот учебник не нужно значи пристап до интернет. Тој е поставен на одреден електронски уред и ученикот во својот дом ќе може да го користи, порачува Царовска.

Рече дека тие ученици кои ќе добијат таблети ќе може да ги користат во домашни услови без разлика на пристапот до интернет.

-Но да не заборавиме дека имаме и една група на ученици кои немаат пристап ни до електрична енергија во своите домови, а оваа година ни се покажа дека такви се дури 1300. И за нив оваа година, иако сме целосно онлајн над трето одделение, обезбедивме целосно учење во училиште. Исто така на овие ученици кои немаат пристап до електрична енергија ќе им обезбедиме пристап и до дигитален уред во училиштето, но од друга страна и опција печатен учебник кој ќе го добијат од училиштето, посочи министерката Царовска.