Често патувате со авион? Еве каде се најголеми шансите да ви се загуби багажот

0
34

Патниците кои често минуваат низ аеродромите ширум Европа имаат многу поголеми проблеми со багажот во споредба со останатите аеродроми ширум светот, велат статистичките податоци од најновата анализа посветена на оваа тема.

Минатата година ширум светот на секој илјадити патник со авиопревоз, 5,69 биле случаи со загубен, оштетен или задоцнет багаж, велат податоците на Site, бриселска компанија специјализирана за комуникации и информациска технологија воавионскиот сообраќај.

Гледано по континенти, најлошо котира Европа со 7,29 инциденти со багажот на илјада патници, многу повеќе отколку во Северна Америка (2,85 на илјада патници) и Азија (1,77).

Една од причините поради која Европа има толку висок негативен просек во споредба со другите континенти се честите трансфери на аеродромите, се вели во извештајот.

Станува збор за благ пораст на бројот на инциденти со багажот во споредба со 2017 година, кога истиот изнесувал 5,57 случаи со проблеми со багажот на 1.000 патници. Најчести причини за инциденти со багажот се откажаните летови (77%), а најмал процентуален удел во појавата на вакви непријатни ситуации имаат кражбите.

Извор: taratur.mk