Четворица скопјани се новозразени со коронавирус, сега бројката е 35

0
20

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, информира Министерството за здравство.

Во 15 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.