Чомовски кон Мицкоски, кој жестоко го критикувa СДСМ: Се согласувам со голем дел од вашите ставови

0
679

Претседателот на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски своето гостување во Отвореното студио на 1ТВ го започна со низа критики до актуелната власт предводена од Зоран Заев.

Ваквиот факт не зачудува со оглед на големиот број потфрлања на актуелната власт во поглед на економијата, судството, образованието и низа други општествени сфери не успевајќи да ги оствари своите предизборни ветувања кон гласачите.

Сепак зачудувачки е фактот што новинарот Александар Чомовски кој беше еден од најгласните противници на претходната влада предводена од Никола Груевски, сега истакна дека се согласува со голем број од ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој жестоко ја критикуваше власта на СДСМ уште од самиот почеток на неговото интервју.

-Се согласувам со голем дел од вашите констатации и како јавна личност се согласувам, и не ми претставува многу ќејф, да ви дадам шанса да се занимавате со Заев истакна Чомовски, прашан од страна на Мицкоски зошто наместо на Заев и катастрофалните политики на оваа власт фокусот го фрлаат на ВМРО-ДПМНЕ и случувањата во партијата.