Чудно што е изненаден: Заев уште во јуни знаеше дека срцето на Макрон е тврдо

0
55

Се надевам сите наши пријатели во ЕУ, ниту една земја од ЕУ нема да останат рамнодушни на пријателството на европскиот манир кој Македонија го демонстрира, она што е толку потребно за целиот Балкан.Ова го изјави премиерот Зоран Заев во јуни за тоа колквави сте шансите Македонија да добие датум за преговори и за можната блокада од страна на Франција.

Јас се надевам дека ќе омекне и срцето на претседателот на Франција Макрон, ги разбирам внатрешните дебати кои се отвораат во Франција, но Франција е наш голем пријател. Ако Германија, Франција, Велика Британија, Италија и други земји одат напред, тогаш и Европа ќе се движи напред, а мотивацијата на нашите граѓани ќе биде уште поголема – рече Заев во јуни.

Извор: република.мк