Шилегов се занимава со наводни спинови на медиуми додека летаат покриви од училиштата

0
37

Бидејќи вистината боли, па почнаа да спинуваат – вака Петре Шилегов го коментира она што се случи во реновираното средното хемиско училиште во Скопје. Ова училиште беше реновиранолетото 2019 година, а она Шилегов се оградува од летнатиот кров, тврдејќи дека истиот бил правен во 2009 година.

Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава. Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што богами, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече … – напиша тој.

Училиштето е пепел, услови за работа нема, а она што е најбитно за градоначалникот – дали медиумите спинувале.