Штета – „патлиџаните“ на министерот Димитров ќе скиснат

0
136

Министерот за надворешни работи Никола Димитров се јави на социјалните мрежи по разочарувањето од Брисел. Го изнесе неговото размислување околу последните настани, ама заборави на една работа.

За жал, не ни кажа што ќе прави сега со највкусните „патлиџани“ на светот, што им ги вети на највисоките европски претставници уште минатиот јуни како знак на благодарност за поддршката за членството на Македонија во ЕУ.

Лани, по одложувањето на стартот на преговорите, министерот Димитров рече дека ќе ги чува за октомври. Помина и ланскиот октомври, а гледаме дека минува и овој, ама нема ништо позитивно од Брисел. Колку и каде и да сака да ги чува најубавите и најслатки „патлиџани“ во светот, како се одвиваат работите тие ќе му скиснат.