Што се случи со главните „бомби“ на Заев- очекувањата беа големи, но не се слушна ништо спектакуларно

0
74

Никакви понови факти не понудија бомбите за случајот за Мартин Нешковски, Смилковското езеро и смртта на Никола Младенов, трите клучни бомби со кои серијата под наслов „Вистината за Македонија“ го носеше- своевремено -премиерот до мандаторската фотеља, и кои требаше да донесат различна вистина од онаа за која знаеме. Пред нешто повеќе од четири години, од седиштето на СДСМ, тогаш опозицискиот лидер, ветуваше дека ќе објавел и разговори кои ќе ја откриеле вистината за бруталното убиство кај Смилковци, за сообраќајната несреќа во која загина новинарот Никола Младенов, како и за убиството на младиот Мартин Нешковски. Родителите на петте момчиња чекаа нова вистина, добиваа СМС пораки лично од Заев – но нова вистина никогаш не добија, објави Алфа.

Следуваат сензитивни материјали и јас тоа јавно го објавив. Овде е случајот со Смилковско езеро, ако тоа прашувате. Овде е Никола Младенов, што тоа се случило, вистината за таа работа. Овде е Мартин Нешковски, што тоа се случило на тој 6-ти јуни 2011-та година, сабајлето рано после победата на ВМРО-ДПМНЕ. Овде е името и да не ви кажувам се… Да да, вистината ќе ја споделиме до граѓаните и ќе се случат протести, изјави Заев на 28 април 2019 година.

Адвокатката на семејствата на убиените деца, кажа дека во овие разговори немало ништо суштинско, иако во минатото бил најавуван бум.

Ние долго ги очекувавме овие бомби, затоа што најавуваа најавуваа, имаа бум нешто во нив. Меѓутоа за овие четири часа како што видовте и вие, не знам дали имаше таков бум, затоа што нешто суштинско нема во бомбите, изјави Ивановска.

Очекувањата останаа големи.Ама не се слушна ништо спектакуларно ниту за смртта на Мартин Нешковски иако стрелата се впери во тогашната власт на чело со Груевски. Но најавите за бомбите ги извадија луѓето на улица да протестираат против тогашната власт. Четири години подоцна Ел Чека ги објави целосните разговори за случајот Нешковски, не оние кои беа монтирани на Бихачка. Разговорот меѓу Груевски, Јанкулоска и другите не ја потврди верзијата на Заев за убиството на Нешковски.

Таму се слуша како поранешниот премиер вели дека овој крвав инцидент мора да се расчисти, а сторителот да добие најстрога казна. Јанкуловска пак вели дека полицијата прави се што може да го расветли овој случај.

Заев кажа дека бомбите ќе откриеле се и за Никола Младенов. Кај јавноста се подгреаа сомнежите дека сообраќајната несреќа во кога загина новинарот е можеби убиство. На крајот вистината остана старата. Тоа го потврди и сопругата на Младенов.

Но, како што кажав, да бидам децидна во ова. Причината за трагичната сообраќајна несреќа во која што загина Никола е брзината. Апсолутно немам сомнеж, не не, апсолутно немам, изјави Билјана Младенова.

Трите експлозивни столба што му помогнаа на Заев да стигне на „Илинденска“ изгледа беа само популистички алатки. Медиумите ова не го измислуваат, туку фактите зборуваат. Дали сензационализмот и искривените вести повеќе ги користи власта или критичните новинари – пресудете сами.

Извор: alfa.mk / republika.mk