Штрудла со крем од ванила

0
92

Многу вкусен кремаст колач кој лесно и брзо ќе го подготвите …

Потребно е:

  • 500 гр кори за пита

За филот за корите:

  • 3 поголеми јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 200 мл масло
  • 1/2 чаша (од 200 мл) пченичен гриз
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • малку изрендана кора од лимон
  • 200 мл јогурт

За филот за штрудлата:

  • 2 л млеко
  • 20 лажици шеќер
  • 6 пудинзи од ванила

Подготовка:

  • Најпрво сварете ги пудинзите во млекото (како на упатството на кесичките). Оставете ги да се изладат со повремено мешање, за да на се фати коричка.
  • Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете ги маслото, гризот помешан со прашокот за пециво, јогуртот и кората од лимон.
  • Преброите колку има кори и поделете ги на 4 дела, така да добиете 4 штрудли.
  • Почнете со редење на корите. На првите три ставете по 3-4 лажици од филот за корите, а ма четвртата ставете од врелиот пудинг (филот за штрудлата) и замотајте.
  • Истата постапка повторете ја со преостанатите кори.
  • Штрудлите премачкајте ги со преостанатиот фил за корите, наредете ги во тава на хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25-30 минути.
  • Почекајте да се излади, исечете ја на парчиња и посипете со шеќер во прав