Ѓорчев: По кои критериуми Заев ќе ги врши масовните отпуштања по изборите

0
52

Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор, изјави на прес-конференција, Владимир Ѓорчедв од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминативе две години, рече Ѓорчев, политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ.

„Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор. Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со пет луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор. Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.

Тој праша ако веќе има превработеност зошто секој ден се отвораат десетици нови огласи, за стотици вработувања.

-По кои критериуми Зоран Заев ќе ги врши масовните отпуштања и бркања од работа на неподобните луѓе кое што го најави во своето интервју а има намера да го спроведува после изборите. Неговите партиски вработувања 20.000 на број ја доведоа Македонија да има 150.000 вработени во јавната администрација со огромна превработеност. Зошто сето ова и го прави на Македонија? И кога сето ќе се собере и одземе коа ќе видиме партизирањето кое ни се случува коа ќе ви видиме политиките кои што се спроведуваат имаме еден поразителен, поразителен тренд, а тоа е масовно иселување и заминување од Македонија. Затоа што продуктивните луѓе оние кои што работат оние кои што создаваат не сакаат да ги тераат хировите на власта, семејството на премиерот и сите оние околу него. Таа свита бара огромно одржување и издржување а народот едноставно не сака да го поднесе сето тоа. Видете тоа е она кое што сакаме да го порачаме денес навистина јас немам каков коментар да дадам на сето ова. Внимавајте Македонија дојде до тоа да има 150.000 луѓе во јавна администрација. 150.000 луѓе, па не гласаа луѓето за ова не го ветуваа ова по плоштадите и улиците. 150.000 луѓе кој ќе го издржува тоа? Огласи по нови 100 вработувања, 200 вработувања, 50 вработувања. Во секоја институција изгласаа да има заменик директор, во секоја институција која што има директор секоја мора по закон да има заменик директор, рече Ѓорчев.

Извор: lider.mk