Ѓулсерен од „Парампарче“ целосно го промени изгледот, но нешто тргна на лошо (ФОТО)

0
69

Погледнете како убавата турска актерка Нургул Јешилчај, која ја гледавме како Ѓулсерен во серијата „Парампарче“ изгледа денес.

После една година пауза и улога на султанка, турската актерка повторно се врати на малите екрани со нова серија.

За време на паузата таа била член на жирито на шоуто „Некои нови ѕвезди“, а исто така одлучила својата фигура да ја доведе до совршенство и ослабела 7 килограми, но пред тоа се одлучила на чекор понапред кој тргнал на лошо.

Имено, 40-годишната актерка одлучила да стави ботокс, но изгледа дека не ја поднела добро интервенцијата, а телото не го прифаќало ботоксот, па еден период била целосно отечена.

Таа искрено пред новинарите раскажала што ѝ се случило и рекла дека ботокс и слични работи повеќе нема да ѝ паднат на памет.