Јадеме олово во џигер, кадмиум во мед и жива во месо

0
62

Афлатоксин во млеко и добиточна храна, олово во црн дроб на уловен дивеч, кадмиум во мед и што уште не. Ова се само дел од опасните додатоци кои лани се пронајдени во земените мостри од страна на инспекторите од Агенцијата за храна.

Направени се вкупно 1.734 анализи на доставени мостри кои биле за испитување.

Како незадоволителни биле 37. Кадмиум бил пронајден во 24 мостри, олово во 4, жива во пет од донесените материјали за испитување, а во 4 биле најдени афлатоксини дел во млеко, дел во добиточна храна, објави 24инфо.

Извор: republika.mk