Јапонски хотел отпушти половина од вкупно 243 роботи: Луѓето се незаменливи и можат да извршуваат повеќе обврски

0
74

Изгледа дека и роботите денес имаат потешкотии за да ги задржат своите работни позиции, а пример за тоа е еден јапонски хотел Henn-na “Strange” Hottel, кој одлучи половината од вкупно 243 роботи да ги отпушти, бидејќи правеле сѐ повеќе проблеми.

На функција повеќе не е и роботот во облик на кукла под името Чури, а кој бил асистент во секоја хотелска соба. Сири, асистентот на Гугл и Алекса можат да одговараат на прашањата како на пример за местата кои луѓето сакаат да ги посетат, но Чури тоа не го може. Тоа претставува голем проблем, бидејќи задачата на роботот е да го надополни недостатокот на човечкиот персонал во хотелот.

Роботите на рецепцијата исто така се заменети, бидејќи луѓето морале да ги фотокопираат пасошите на гостите наместо нив. Роботите кои ги носеле багажите на гостите можеле да пристигнат само до 24 соби, а хотелот поседува 100.

Исто така, во услови на снег и дожд тие не биле функционални, а често заглавувале додека поминувале еден покрај друг. Главниот хотелски робот не можел да одговори на прашањето за распоредот на летовите, како ни за блиските туристички атракции.

Хотелот одлучи да не ги заменува старите роботи со нови, туку нивните работи да ги извршуваат луѓе, посебно поради многубројните прашања кои ги имаат гостите.