Ќе останете во неверување кога ќе дознаете колкава пензија зема Лепа Луќиќ- примањата на кралицата на фолкот се над сите стандарди

0
4825

Легендарната пејачка Лепа Лукиќ секој месец прима пензија од околу 180 илјади српски динари, пишуваат српските медиуми.

Кралицата на народната музика слободно може да се пофали дека после повеќе од половина век пеење се стекнала со услови за да живее мирно, без страв за својата егзистенција.

Како и многумина уметници и Лепа на државата и плаќала допринос за здравствено и пензиско осигурување, па сега врз основа на тоа има примања од 30 илјади динари.

Па според тоа во 2011 година добила и национална пензија за допринос во културата која на месечно ниво изнесува 45 илјади динари. Но најмногу примања пејачката добива од Канада каде во пензија е веќе со години и истата изнесува 1.300 долари или околу 900 евра.

-Лепа поради оваа пензија мора да иде во Канада на секој шест месеци. Многумина се прашуваат зошто толку често таа патува, но сега е откриена причината. Сигурно таму таков е законот, без обѕир на тоа што си родум од друга земја, но на Лепа тоа не и е проблем за да ја промени средината и се одмори, вели извор близок до пејачката за српските медиуми.

Инаку Лепа Лукиќ во моментов е во Канада и таму ќе остане до средината на февруари. Денеска го прославува својот 80-ти роденден, а пред Канада беше во Чикаго каде пееше за дочекот на Новата година.

Извор: курир.мк